За Живот Без Болка

Специјализирано олеснување од болка во Македонија

Што е крионевролиза

За Живот Без Болка

Крионевролизата е третман кој овозможува долготрајно смирување на болката со ниска температура која се аплицира директно на  засегнатите нерви кои ја предизвикуваат болката (-20° до -88°C) .Ладењето на нервот е 2-3 минути и  се повторува неколку пати при еден третман

Ефектот на  ублажување на болката со ниска температура која се аплицира  на нервите  е клинички прифатена пракса, и се користи со  децении. Уште од времето на Хипократ (460-377 п.н.е.), ладни облоги се користеле за ублажување на болката, како што може да се види од најраните пишани документи.

При крионевролизата, ладењето  е насочено кон одреден нерв , тој кој ја предизвикува болката , најчесто е сензорен нерв. Кога нервот е изложен на многу ниска температура, неговата способност да испраќа сигнали за болка привремено престанува. По неколку дена, нервот почнува да се регенерира со брзина од околу 1-3 милиметри на ден.

Во некои случаи, болката не се враќа, дури и откако нервот ќе се обнови. Ако болката се врати, крионеуролизата може повторно да се изврши. Во други случаи, болката ќе исчезне трајно.

Крионевролиза третманот доведува до:

Крионевролизата е третман кој овозможува долготрајно смирување на болката

Брзо олеснување на болката
Подобрен квалитет на живот
Побрза рехабилитација
Побрзо враќање на секојдневните обврски
Намалена употреба на аналгетици

(Нестероидни анти инфламаторни лекови,Трамадол, Опијати,антиепилептици, психотропни лекови)

..... За Живот Без Болка .......

Нашиот пристап

Како ја третираме болката

Крионевролизата е современ, напреден третман кој применува контролирана студеност врз нервите што ја пренесуваат болката. Студот создава блокада на спроводливоста преку формирање ледени кристали кои ја менуваат структурата на нервот и го запираат преносот на болковите сигнали. Овој ефект е сличен на локален анестетик, но трае значително подолго.

Дознајте повеќе за Крионевролизата

Во кој состојби помага крионевролизата?

За Живот Без Болка

Болка во коленото

(Хронична / Постоперативна) Гонартроза, акутна и хронична болка по операција

Болка во раката и подлактицата

(Хронична / Постоперативна)

Болка во стапалото

(Хронична / Постоперативна):Плантарен фасцит,Калцификат на петата Долгорочна болка по операции на стапалото.

Болка по Торакотомија

Болка по операции на градниот кош или поставување на дрен.

Болка во рамото

(Хронична/ Постоперативна ): Замрзнато рамо, болка по операција на рамото

Болка по Мастектомија

Операции на дојката

Почетна Консултација и Предиспитување

По детална телефонска или консултација по е-маил , можеме да процениме дали е можно да се третира вашата состојба и да се третира болката со крионевролиза.
Важно е да ни дадете темелен опис на вашата состојба , да ни ја опишете болката и локализацијата каде се јавува,времетраењето, како и како тоа влијае на вас и на вашиот секојдневен живот. Ако земате лекови, исто така е важно да не информирате за сите лекови што ги користите и за што се тие, вклучувајќи ги и сите лекови против болки.
Откако ќе ги примиме и прегледаме вашите информации, ќе договориме термин за прелиминарно испитување.

Преглед и дијагностички блок

При прелиминарниот преглед користиме ултразвук за лоцирање на релевантните нерви и користиме таканаречен дијагностички блок со локална анестезија. Ова значи дека накратко ги анестезираме одредените нерви, за да го процениме потенцијалниот ефект од третманот. Локалниот анестетик делува само неколку часа.
По ова, можеме да го планираме понатамошниот тек на лекувањето