Крионевролиза

Во врска со самиот третман

Во врска со самиот третман на крионеуролиза се дава локална анестезија, така што третманот е безболен. Процедурата се изведува прецизно и е контролирана под ултразвук,во стерилни услови. По соодветната припрема и давање локална анестезија, до соодветниот нерв (одговорен за пренесување на болните импулси) ,кој е предходно утврден со дијагностичкиот блок, се аплицира криосонда (игла), низ која директно се лади нервот на – 88 C. Процедурата е амбулантска, и краткотрајно  по неа пациентот заминува дома.

Пред третманот, сите пациенти добиваат детални упатства за третманот со крионеуролиза, вклучувајќи информации за можни компликации и несакани ефекти.
Крионеуролиза е инвазивен третман, кој може да предизвика компликации и несакани ефекти, но нема извештаи за сериозни несакани ефекти или трајно оштетување на нервите по третманот низ целиот свет.
Можни компликации и несакани дејства од третманот :
Крионевролиза е речиси безболен минимално инвазивен третман. Кога иглата се поставува низ кожата, може да се појават мали компликации, вклучувајќи:
Крварење на местото на боцкањето: Може да се појави крварење, но е краткотрајно Промена на бојата на кожата:
Може да се појави привремена промена на бојата на кожата на третираното место. Ова е привремено и не бара понатамошен третман, бидејќи промената на бојата ќе исчезне по неколку недели.
Црвенило:
Може да се појави црвенило околу местото на инјектирање, но исчезнува по неколку дена и евентуално може да се намали побрзо со употреба на ладни облоги.

Инфекција:
Во ретки случаи, може да се појави инфекција на местото на инјектирање. Ако се случи ова, пациентот ќе биде упатен на третман со антибиотици.

Познати несакани ефекти:
Единствениот познат несакан ефект од третманот со крионевролиза е привремена вкочанетост во третираната област. Оваа вкочанетост не може да се третира, туку исчезнува сама по себе во рок од неколку недели или, во ретки случаи, во текот на неколку месеци.