Крионевролизата

Во кој состојби помага крионевролизата?

Крионевролизата е третман кој овозможува долготрајно смирување на болката со ниска температура која се аплицира директно на засегнатите нерви кои ја предизвикуваат болката (-20° до -88°C) .Ладењето на нервот е 2-3 минути и се повторува неколку пати при еден третман.

Болка во коленото  (Хронична / Постоперативна) Гонартроза, акутна и  хронична болка по операција

Болка во стапалото (Хронична / Постоперативна):Плантарен фасцит,Калцификат на петата Долгорочна болка по операции на стапалото.

Болка во рамото (Хронична/ Постоперативна ):  Замрзнато рамо, болка по операција на рамото

 

Болка во раката и подлактицата (Хронична / Постоперативна)

Болка по Мастектомија : Операции на дојката

Болка по Торакотомија: Болка по операции на градниот кош или поставување на дрен.

Болка во препоните по операција кила ,царски рез или други абдоминални процедури

Генитофеморална невралгија: Болка во препоните и долниот дел на стомакот, вклучувајќи интерстицијален циститис

Болка по херпес зостер : Постхерпетична невралгична болка. Хронична / Постоперативна болка во колкот:

Болка по операции на колкот.

Болка по скршеници на ребра: Акутна и хронична болка во ребрата.

Замрзнато рамо / Постоперативен третман на  болка по операција на рамо

Болка во раката и подлактицата: Вклучувајќи болка од остеоартритис.

Пудендална невралгија:  Болка во и околу клиторисот, вагината, пенисот и анусот. Болка во долниот дел од грбот: Болка и по и без хируршка интервенција.

Невроми по операција: Третман на болка предизвикана од раст на нерви по операција.

Мортонов невром: Болка во стапалото помеѓу прстите.

Плантарен фасцит (шилец во петата): Болка во петата предизвикана од воспаление на плантарната фасција.

Болка во фасетните зглобови: Болка во долниот дел од грбот поврзана со фасетните зглобови.

Мералгија парестетика: Болка и пецкање во бутот.

Соматска болка што ги зафаќа сензорните нерви: Вклучувајќи гихт и артритис

Болка во ахиловата тетива

Невропатска болка во стапалото

Фантомска болка : Болка по ампутација на екстремитет.

Тригеминална невралгија: Болка во лицето поврзана со тригеминалниот нерв.

Супра/инфраорбитална невралгија: Болка во лицето над и под очните вдлабнатини.

Окципитална невралгија: Болка во вратот и задниот дел од главата, често поврзана со мигрена

Мандибуларна и ментална невралгија: Болка во забите, устата и вилицата (остеоартритис).

CRPS (Синдром на комплексна регионална болка) Тип 1 и Тип 2: Комплексни синдроми на болка со акутни и хронични симптоми.